Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола
Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните.
Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во комплексот на болниците, на улицата „Браќа Џаферови“, позади зградата позната како „Кифлата“ и на просторот кај местото викано „Хеликоптерот“.
Градоначалникот Тони Коњановски посочи дека со овој проект се очекува значително да се намали проблемот со паркирање во градот и да се подобри достапноста до клучните точки во Битола.
Проектот е дел од стратешкиот план на општината за модернизација на урбаната инфраструктура и создавање услови за поудобен и безбеден сообраќај за сите граѓани.
