По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

Македонија

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија

Со посебно задоволство ја претставувам мојата лична иницијатива minoritete.al, првиот национален онлајн медиум во Република Албанија, посветен исклучиво на националните малцинства. Оваа платформа има за цел да биде ваш заеднички глас, простор каде што се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија – објави Ѓурѓај.

Тој додаде дека ова е повик до сите национални малцинства во Република Албанија да дојдат и да ги споделат своите приказни, традиции, предизвици и достигнувања, за заедно да ја направат нивната различност видлива, слушната и почитувана.