Алармот е вклучен – можни се поплави: Познатиот метео прогнозер со најнова анализа

Времето денес, Дали Знаете

На врнежите во Македонија им нема никаков крај, тоа значи дека кај нас и понатаму продолжува многу променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините. а повремено врнежите во следниот период повторно ќе бидат многу обилни и поројни па така до крајот на седмицава во Македонија повторно постои опасност од нови излевања на реките и нови поплавувања.

Територијата на Македонија до крајот на седмицава ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и истата веќе од среда навечер 4 февруари па во деновите потоа ќе услови да имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Локално за време на овој период повторно ќе наврне доста големо количество на воден талог и тоа над 60 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината во споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите пак ќе бидат во пораст како наутро така и преку ден и наутро насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата додека преку денот тие ќе се искачуваат во најголем дел од Македонија до околу 10 степени а локално тие ќе надминуваат и 10 степени.