Нашата Добрила денес го слави својот 98. роденден – погледнете каква убавица била во младоста
Познатата пејачка, актерка и победничка во „Никогаш не е доцна“ денес има посебна причина за радување.
Неверојатната Добрила Ивановска Чабриќ денес го слави својот 98. роденден, падоби бројни честитки од нејзините колеги и фанови на својот профил на социјалните мрежи.
Оваа супер бабичка, како што ја нарекуваа додека се натпреваруваше во шоуто за ветерани „Никогаш не е доцна“ е родена на 1. февруари 1928 година и веќе со децении живее во Дојран.
И како што и самата истакнала многу пати досега, токму Дојран и Дојранското Езеро и ја полнат душата со позитивна енергија, како и дружбата со пријателите и со нејзините бројни обожаватели.
Таа и денес вози автомобил и излегува во казино, а во шега знае да каже дека се уште и се лепат мажи како болви.
Куќата во Дојран, како што самата откри во една пригода, ја изградила сосема случајно, откако се вљубила на прв поглед во ова место.
„И така јас дојдов кај нив на терасата, застанав и ја погледнав онаа планина Беласица, езерото, воздухот… Па јас целиот свет го поминав, ваков воздух никаде не најдов. Ја прашав дали има плац за мене, а таа ми вели дека има зад нејзиниот. Веќе утредента веднаш тоа го средив и во општина во 1970 година јас го купив овој плац“, изјави Добрила во една пригода за „Гранд.онлајн“ откривајќи дека и денес се опушта додека плива во езерото.
