„Тапан бие, зурла вие“: Македонскиот поглавар не издржа и стана, запеа и заигра – верниците воодушевени (видео)
На социјалните мрежи деновиве се појави видео-снимка која предизвика искрени симпатии и бројни позитивни реакции, на која поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ужива во звуците на својата омилена македонска песна „Ако одам во Битола“.
Во опуштена и топла атмосфера, на архиепископот Стефан му беше запеана познатата македонска песна, а тој, со широка насмевка и без никаква воздржаност, се препушти на моментот – запеа, се развесели и заигра, покажувајќи дека и зад високата духовна функција стои човек со големо срце, кој знае да ужива во животот и да се радува на убавите мигови.
Со овој гест, г.г. Стефан уште еднаш ја потврди својата исклучителна приземност, едноставност и блискост со народот. Неговото однесување сведочи за духовен водач кој не се издигнува над луѓето, туку е дел од нив, човек кој ги негува македонската традиција, песна и радост.
Моментот кој го виде јавноста го прикажува архиепископот Стефан не само како врвен духовен авторитет, туку и како обичен, искрен и топол човек, кој со својата непосредност и човечност освојува почит и симпатии каде и да се појави.
Видеото беше објавено од порталот Скопје1.мк, а реакциите на јавноста јасно покажуваат дека ваквите искрени сцени уште повеќе ја зацврстуваат довербата и љубовта кон поглаварот на МПЦ.
