Лажен милијардер на јахта – 90-годишен таксист ги освоил девојките со лажен луксуз
Фотографијата што деновиве кружи на социјалните мрежи остава впечаток на човек кој ужива во раскошен живот, опкружен со луксуз и убави жени. Сепак, приказната зад неа е далеку од гламурот што го прикажува.
Станува збор за 90-годишен таксист од Малага, Шпанија, кој решил да се претстави како милијардер. За таа цел изнајмил јахта, носел лажен златен ланец и се однесувал како човек со огромно богатство и висок општествен статус.
Импресионирана од наводниот луксуз и моќ, една млада девојка поминала ноќ со него, убедена дека е во друштво на исклучително богат човек. Сепак, вистината излегла на виделина веќе следното утро.
Наместо милијардер и сопственик на империја, пред неа стоел обичен старец кој со децении работел како таксист и немал никакво богатство освен добро осмислена измама.
Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и отвори прашања за површните критериуми, лажниот луксуз и леснотијата со која некои луѓе можат да бидат измамени од надворешниот изглед.
Поуката, како што коментираат многумина, е јасна: не е злато сè што свети.
