Дали ќе има предвремени избори во Македонија? – еве што одговори Мицкоски

Македонија, Политика

Пред неколку недели за време на емисијата „Клик Плус“ во ТВ21, лидерот на ДУИ Али Ахмети, кажа дека кога имал средба со Христијан Мицкоски, добил ветување дека ќе има предвремени парламентарни избори, и потоа се повлекол.

Тој рече дека на ВМРО-ДПМНЕ му одговара да има предвремени избори, и дека не разбира зошто во тој случај би се повлекол.

„Еве и да е така, а не е така, тоа е лага. Еве и да е така, апсолутен победник на локалните избори беше ВМРО-ДПМНЕ, уште поубедлива победа од минатите локални избори.

Јас би рекол во услови кога имаме повеќе од 60 пратеници во Парламентот, во дадени случаеви можеме да мобилизираме и двотретинско мнозинство, во услови кога предноста наша во однос на опозицијата 3:1, во услови кога имаме тотален распад на моралот во опозицијата, ако гледаме политички и од оптиката на ВМРО-ДПМНЕ, наш интерес е да има предвремени избори.

Зошто би се откажал? Напротив, јас би стимулирал, ако тоа сум го кажал и ако гледам од оптиката на интерес на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави Мицкоски.