ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска не е жртва, туку дел од проблематичниот систем

Македонија

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева.

Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДС и Зоран Заев.

Што повеќе да се каже од ова.

Интересно е како Ленче Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите.

Затоа Ристоска наместо да се извини, прави дефокус и глуми жртва. Таа не е никаква жртва, туку рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон“, се вели во соопштението.