Божиновска: Македонија го модернизира енергетскиот пазар по европски стандарди
Со потпишување на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), со што македонската енергетика влегува во нова фаза на развој.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оцени дека станува збор за клучен чекор кон модерен, флексибилен и европски усогласен енергетски систем. Според неа, оваа стратешка одлука ќе придонесе за поголема стабилност на пазарот, подобро управување со обновливите извори на енергија, како и зголемена сигурност и транспарентност во работењето.
Божиновска нагласи дека преку вакви конкретни проекти се гради енергетската иднина на државата, чекор по чекор, со јасна визија и одговорност. „Македонија не чека. Македонија се интегрира“, порача министерката.
