Ана Бекута не простува – кривични пријави за сите што ја гаѓаа со снежни топки, голема акција на полицијата во Чачак
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак поднесоа кривични пријави против Г. М. (42), Т. Б. (36), Д. И. (19), М. Р. (34), С. М. (54) и Д. Т. (54) од Чачак, поради основано сомнение дека сториле кривичното дело насилничко однесување на јавен собир.
Се сомнева дека тие фрлале топки снег кон фолк-пејачката Ана Бекута и членовите на нејзиниот оркестар, за време на концертот организиран по повод дочекот на Православната Нова година на Градскиот плоштад во Чачак.
Г. М., Т. Б., Д. И. и М. Р., заедно со извештај за полициско апсење, беа приведени на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Чачак, додека С. М. и Д. Т. по покана се јавиле во просториите на обвинителството, исто така заради сослушување, пренесуваат српските медиуми.
Против сите осомничени се поднесени кривични пријави во редовна постапка.
Исто така, полицијата ќе поднесе прекршочни пријави против А. Т. (66), Б. М. (41), Д. М. (38), В. Ј. (22) и Д. С. (44) од Чачак, поради непристојно, дрско и безобѕирно однесување, согласно Законот за јавен ред и мир во Србија.
За потсетување, познатата фолк-пејачка, Ана Бекута, за Стара Нова година одржа концерт во Чачак, но се случи непријатен инцидент. Една помала група од публиката беше виновна за инцидентот и предизвика во еден момент да биде прекинат истиот. Имено, кон познатата пејачка и нејзините колеги – музичари беа фрлани топки од снег што го предизвика скандалот.
