„Одев на психијатар“: Брејк искрено за разводот и за големата животна загуба (ВИДЕО)

Живот, Сцена

Дарко Гелев – Брејк со солзи во очите раскажа за својот најтежок животен период и рече дека посетил психијатар. Брејк откри и зошто се разделил од првата жена.

„Сите ние имаме потреба од психијатар. Јас одев често, посебно во процес на првиот развод, специјално одев. По разводот, јас посебно одев поради пристапот кон детето кој имаше тогаш 8-9 години. Беше силни развиено дете, па додека влезе во пубертет, шок му направивме. Одев за да знам како да се однесувам, како да возвратам“, рече пејачот и кој е и успешен бизнисмен во емисијата „Животна приказна“ на МТВ.

Потоа, тој ја спомена својата поранешна сопруга Драгана.

„Ние со Гага немавме турбуленции, немавме некои кавги. Едноставно многу млади, некако чудно. И разводот ни беше некако детски, детски се разделивме, немаше циркуси. Но, имавме едно најубаво детенце направено кое и ден-денес нѐ прави горди, двајцата водевме сметка да биде океј за него. Така што, убаво е да се оди на психијатар“, рече Брејк.

Тој раскажа и дека загубата на татко му кој починал ненадејно пред десет години, седејќи во ресторан со пријатели откако му се откачил тромб многу тешко ја поднел.

„Ужасно беше, за мене тоа беше голем шок. Немав ни солзи да заплачам. Не можев долго време да спијам. Но, едноставно се учиш да живееш со болката“, рече Брејк.

За својата мајка Лиле рече дека е карпа жена и голем авантурист. Кога тој бил во основно училиште, мајка му го натерала неговиот татко да земат една година неплатено отсуство од работа и заминеле во Австралија. Во таа година, многу виделе и многу прошетале.

Пејачот додаде дека е многу горд на синот Марко кој сега има 26 години и учи втор факултет, како и неговите две помали деца, синот Давид (12) и ќерката Деа (6) кои ги има од бракот со Драгана Клопчевска. Додаде дека тој и сопругата отворено разговараат со децата за сите проблеми.

Со насолзени очи, раскажа и за загубата на братучетка му Нина со која пораснал, која загина во сообраќајна несреќа во 2003 година како многу млада.