Голомразица во Пробиштип – Екипите интервенираат на терен

Македонија

Пробиштип – Поради ниските температури и исцедувањето на атмосферските води од вчерашните врнежи, на повеќе локации на патиштата во општина Пробиштип е забележана појава на голомразица.

Екипите на ЈКП „Никола Карев“ и „Македонија Пат“ се на терен и вршат фрлање сол и ризла за безбедност на учесниците во сообраќајот.

Општината апелира до граѓаните на зголемена внимателност при возење и движење по патиштата.