Коњановски на терен: Итна интервенција по поплавите во Кравари

Македонија

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен во селото Кравари, каде што по обилните врнежи од дожд дојде до поплавување на дел од населеното место. На терен со него е и директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, а за справување со ситуацијата се приклучија и екипи од водостопанското претпријатие „Битолско Поле“.

Проблемот настанал поради каналска мрежа која не може да ја прими големата количина на вода. Екипите на „Водовод“ работат на лоцирање на најкритичните точки и нивно санирање, со цел што поскоро воспоставување на нормална состојба.

Коњановски истакна дека се сретнал со жителите на Кравари и заеднички се работи за решавање на проблемот, додека екипите остануваат на терен до целосно санирање на состојбата.