Меџити го поддржува независниот кандидат Зули Демири за подобро Врапчиште
Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, заедно со соработниците Беким и Арбен, остварија средба со жителите на општина Врапчиште, каде што ја изразија силната поддршка на ВЛЕН за независниот кандидат Зули Демири.

На средбата беа истакнати реалните потреби на граѓаните, предизвиците со кои се соочуваат и можностите за поддршка од страна на општината и централната власт. Меџити потенцира дека Врапчиште има потреба од сериозно водство, конкретни проекти и резултати, што според него може да се обезбеди со Демири.

„Ова е трка за победа, развој и подобар Врапчиште, кој ќе напредува со чесна работа, големи проекти и видливи резултати за секое семејство. Со Зули Демири, Врапчиште ќе се движи напред и ќе победи. На 11 јануари ќе го направиме долгоочекуваниот промет заедно“, изјави Меџити.

