Општина Битола организира бесплатен превоз до Ниже Поле и Молика
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ обезбедија бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба за време на зимскиот распуст. Услугата е достапна утре, 8 јануари, и во петок, 9 јануари, за сите граѓани и учениците.
Автобуската линија број 1 ќе сообраќа до ски-центар Ниже Поле, со тргнување во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала. Линијата број 2 ќе превезува до хотелот „Молика“, со поаѓање исто така во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето од двете линии е предвидено во 13:00 часот.
Општина Битола ги повикува граѓаните да го искористат бесплатниот превоз и да уживаат во зимските активности на Пелистер.
