Божиќна честитка од ВЛЕН: Нека празникот донесе здравје и благосостојба
Политичката коалиција ВЛЕН упати честитка до верниците по повод големиот христијански празник Божиќ, со порака за мир, заедништво и меѓусебна почит.
Во честитката се наведува дека Божиќ е светол и благословен празник кој треба да донесе топлина во срцата, мир во домовите и надеж за секој нов ден, потсетувајќи дека љубовта, почитта и човечноста треба секогаш да бидат на прво место.
Од ВЛЕН нагласуваат дека празниците се можност за обединување и градење мостови меѓу граѓаните, посочувајќи дека јазиците што се зборуваат во државата – македонскиот, албанскиот и сите други – не се ѕидови што разделуваат, туку вредности што поврзуваат.
„Среќен Божиќ! Нека празникот донесе здравје, благосостојба и благодат за секој дом“, се вели во честитката на ВЛЕН.
