Тоневски: Пробиштип прославува 20 години традиција и празнична радост

Македонија

По јубилеен 20-ти пат, општина Пробиштип ја организира традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ на месноста Жгури. Оваа година, паричката во бизнис заедницата повторно се падна во ТАБ МАК, додека меѓу граѓаните на месноста Жгури најсреќен беше Зоран Величков.

Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека ваквите настани ја збогатуваат културната традиција и ја зајакнуваат заедницата. „Ова е прилика да се обединиме како општина, да ја негувавме нашата традиција и да ги споделиме радоста и празничниот дух со сите наши граѓани“, рече Тоневски.

 

 

Утре во 10 часот, на градскиот плоштад, ќе се одржи Бадниковата поворка. Дечињата од поворката со песната „Вечниот Бог“ ќе го најават Христовото раѓање, а граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во празничната атмосфера.

Тоневски додаде дека Општина Пробиштип ќе продолжи со организирање на традиционални настани кои го негуваат културното наследство и ги зближуваат граѓаните.