Коњановски ги посети пожарникарите: Новата година започна мирно во Битола

Македонија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вчера на првиот ден од новата година беше во посета на Противпожарната единица на Битола. Го информираа дека во новогодишната ноќ имало една интервенција, а тоа значи дека воглавно поминала за среќа мирно.

Дека за среќа немале многу работа, односно интервенции градоначалникот беше информиран од командирот на вод и командирот на смена.

Како што е познато противпожарната единица на Битола ќе добие нов современ објект во некогашната касарна каде траат градежните работи.