Меџити им посака здравје и среќа на новороденчињата во Чаир

Македонија

Во првите минути од 2026 година, во општина Чаир на свет дојдоа две девојчиња, настан што ја одбележа новата година со радост, надеж и нов живот.

По повод овој среќен почеток, мајката и новородените бебиња беа дарувани со злато и цвеќе. Златото, како симбол на вредност и желба за среќа на секој чекор од животот, и цвеќето, како порака за пат исполнет со нежност, боја и љубов.

„Овие подароци се мал гест, но со големо значење – поздрав за две нови животи кои ја отворија новата година со насмевки и надеж за нашиот дом и за општината“, порача Меџити.
Тој им посака на новороденчињата здравје, љубов и среќа, со желба да растат во средина исполнета со грижа, поддршка и светла иднина.