Георгиевски запнал Македонија да го прифати „Францускиот предлог“

Македонија, Политика

Актуелниот лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вели дека не разбира зошто сегашните македонски власти се против „францускиот предлог“, кога тој ја укина ригидната бугарска политика.

„Пред нас е предлог на Европската Унија, кој го нарекуваме „француски предлог“, кој е многу јасен, многу точен и не разбирам зошто се спротивставува на тој предлог“, вели Георгиевски во интервју за порталот Рацин

„Не смееме да заборавиме дека тој „француски предлог“, практично и де факто, беше укинување на ригидната позиција на бугарската политика со тој непријатен став дека до 1945 година сте Бугари, додека од 1945 година сте Македонци, што беше одобрено од бугарскиот парламент“ вели Георгиевски.

„Во Македонија, многу малку значење се дава на фактот дека „францускиот предлог“ практично ја укина оваа идеја. Тој го поништи тој став, бидејќи „францускиот предлог“ беше гласан и во бугарскиот парламент и, наместо да се толкува како победа, ние го толкуваме како пораз.

Не знам од кои причини, можеби првично од причини на дневната политика, но потоа ова стана дел од нашата блокада“ вели Георгиевски кој беше премиер од 1988 до 2002-ра .

„ Бугарија еволуираше од таа позиција и гледаме дека по францускиот предлог, провокативните ставови од бугарските политичари се сведени на минимум.

Сега дури и вклучувањето на Бугарите во Уставот ни се претставува како проблем. Дури и протоколот е проблем за нас, па дури и нај„Новиот што го слушаме во последните месеци, каде што им наметнуваме услови на Европската Унија и Бугарија.

Сега ние сме тие што поставуваат услови на ЕУ, ако сакаме да одиме напред.
Сето ова покажува дека оние кои се главни и одговорни за нашиот пат кон ЕУ во овој момент, немаат сериозна политика да ја поминат оваа последна точка и да ја започнат нашата конечна европска интеграција, освен ако не се случува нешто зад сцената за кое ние не знаеме“, вели Георгиевски.