Познато кога ќе се исплатат декемвриските пензии – Фондот на ПИОМ со најнови информации
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија информира дека се обезбедени сите потребни средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.
Од Фондот наведуваат дека навремено се завршени сите подготовки за непречена и ефикасна реализација на исплатата, со цел пензионерите без доцнење да ги добијат своите средства.
За исплата на декемвриските пензии се обезбедени 9.289.521.686 денари за вкупно 340.156 корисници. Поради тоа што 1 јануари е неработен ден, средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.
Фондот на ПИОМ додава дека известувањата со прецизни податоци за бројот на пензионери и износите се веќе доставени до сите деловни банки, со што се гарантира навремена и безпроблемна исплата.
