„Не сум бил болен 35 години!“ – Тврди човек кој користи едноставен природен рецепт

Дали Знаете, Живот

„Не сум бил болен 35 години!“ – Природен еликсир што ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата. Во време кога кашлицата и затнатите бели дробови се сè почести, многумина повторно се враќаат кон природата, пишува НМД.

Овој домашен еликсир со лук, мед и лимета се користи со децении, а клучот е во правилната подготовка – особено во чистењето на кората, за таа да биде безбедна за употреба.

Овој природен препарат, според искуствата на оние што го користат редовно, придонесува за чистење на белите дробови, смирување на кашлицата, јакнење на имунитетот, како и за подобрување на општата виталност на организмот.

Рецепт од природата – едноставен, но внимателно подготвен

Потребни состојки:

• 1 лимета (или лимон, по желба)
• неколку чешниња лук
• 100–150 g природен мед
• НМД

Важно: Содата бикарбона се користи исклучиво за чистење на кората од лиметата и не е дел од смесата за консумирање.

Подготовка – клучот е во безбедноста и деталите

Лиметата најпрво темелно се трие со сода бикарбона, потоа се полева со вода и се остава да отстои во тој раствор околу 10 минути. По овој процес, лиметата добро се плакне и се мие под млаз чиста вода.

Овој чекор е исклучително важен, бидејќи на тој начин се отстрануваат нечистотиите и можните остатоци од третмани на кората, со што таа станува безбедна за понатамошна употреба.

Потоа, лиметата се суши и се сечка на мали парчиња заедно со кората, која е богата со вредни хранливи материи.

Лукот се лупи и ситно се сечка. Лукот и лиметата се ставаат во чиста стаклена тегла, по што се додава природниот мед. Сè добро се меша додека да се добие хомогена смеса.

Теглата се затвора и се чува во фрижидер 5 дена, за состојките целосно да се соединат.

Начинот на конзумација може да го проследите на овој линк.