И ти може требало да седиш тука, детето требало да биде дома – жестока расправа меѓу родителите и обвинетите
Тензии и довикувања меѓу дел од обвинетите и родителите на загинатите деца. Родителите кои беа дојдени да го слушаат сведочењето на мајките чии деца загинаа, зовреа кога еден од обвинетите ѝ рече на мајката на Надица дека таа треба да седи на обвинителна клупа.
Обвинетиот Огњан Георгиев, кој е градежен инспектор, ја праша мајката Габриела Наунова дали го видела некогаш во „Пулс“.
По реакцијата на родителите, Георгиев реагираше и рече:„Ние предвреме ли сме осудени. Ајде стрелајте нè”.
Потоа ѝ се обрати на Наунова: „Па може и ти тука требало да бидеш. Детето требало да биде дома“ – ѝ рече Георгиев на мајката.
Родителите бурно реагираа: „и дете од една година може да оди на концерт. Ќе дојдеш во Кочани ќе те убијам“ – извикуваа родителите.
Претходно сведочеа мајки на трагично загинати деца. Мајката на Драгана Минова која трагично загина во кочанската дискотека им порача на обвинетите дека од нив не бара сожалување туку да ја признаат вината затоа што како што им рече „со вашите потписи ја запечативте судбината на нашите деца“.
