Модриќ, Гвардиол и Далиќ со честитки за Гоце Седловски, а Седло му порача: Македонија е над сите! (ВИДЕО)
Гоце Седлоски беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на Македонија. По неговата официјална промоција се случи вистинска драма, односно „напад“ од страна на поранешниот предводник на националниот тим Игор Ангеловски кон ФФМ.
Последен кој се огласи на таа тема беше и самиот Седлоски. Тој нагласи дека добил честитки од многу истакнати имиња, а меѓу нив и Хрватите Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и Златко Далиќ.
„За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност.
За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат „со среќа Македонијо“.
Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета“, изјави Седлоски.
Видеото од честитките го сподели и Фудбалската федерација на Македонија заедно со пораката од страна на Седлоски.
