Познато е кога ќе тргне исплатата на пензиите – Некои од банките исплаќаат предвреме

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Согласно Законот пензионерите, декемвриската пензија ќе ја добијат првиот работен ден од јануари 2026-та година, а тоа е 2-ри јануари кој се паѓа во петок следната недела.

Некои од македонските банки пензијата веќе со години ја исплаќаат предвреме, па така нема да биде изненадување и овој пат одредени пензионери да се израдуваат на своите сметки уште пред почетокот на Новата година.

Според најавите пензионерите дури во април следната година би можеле да очекуваат покачување, и тоа за 1.000 денари.