ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Ученик си го одзел животот

СКОПЈЕ, Хроника

Доцна синоќа е пријавено самоубиство во Скопје, објави телевизијата Алсат. Според неофицијални извори на Алсат, постои сомневање дека жртвата е ученик на возраст од 17 до 18 години.

Исто така, неофицијално е познато дека тој го извршил самоубиството во парк-шумата Гази Баба. Се очекува Министерството за внатрешни работи во текот на денот да соопшти повеќе детали за случајот.