ТЕЛА ЛЕЖАТ НА СИТЕ СТРАНИ: Најмалку 10 мртви во нападот – му скокна на напаѓачот и му ја зеде пушката (ВИДЕО)

Свет, Хроника

Најмалку 10 лица загинаа во пукaње што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.

Пукањето се случило за време на прославата на еврејскиот празник Ханука. Очевидци за „Скај њуз“ изјавија дека се слушнале околу 50 истрели, додека стотици луѓе во паника бегале од местото на настанот.

Еден од напаѓачите бил убиен на лице место, додека другиот е ранет и се наоѓа во притвор.

На терен веднаш интервенирала полицијата и службите за итна медицинска помош, со десетици амбулантни возила собраани на паркингот Норт Бонди Централ.

Локалните власти ја истражуваат причината за нападот и моментално не даваат дополнителни детали за мотивот.

Снимките од пукањето се шират на социјалните мрежи. Едно видео го прикажува напаѓачот како пука од пушка. Потоа еден човек кој се доближил до него му се приближува, скока на неговиот грб и ја зема пушката.