УХМР со најнова вест – еве какво време не очекува следните денови

Времето денес, Дали Знаете

Времето во Македонија денека ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 9 до 15 степени Целзиуови.

Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 8 до 15 степени. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.