Коњановски: Признанијата за учителите се признание за целото општество
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“.

Коњановски им честиташе за значајното признание доделено од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, нагласувајќи дека ваквите награди се симбол на поширока општествена заложба за почит и вреднување на улогата на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во образованието.

Тој истакна дека трудот на просветните работници е фундаментален за формирањето на идните генерации и дека локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува нивната работа.
Признанијата се доделуваат во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“, која Министерството ја реализира по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, со цел истакнување на незаменливата улога на учителите и зголемување на општествената почит кон нив.
