Коњановски доби плакета од „Браќа Манаки“ за континуираната поддршка
Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски, и извршниот директор Роберт Јазаџиски остварија средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на која беше потврдена силната соработка меѓу фестивалот и Општина Битола.
На средбата се разговараше за долгогодишната партнерска врска која градот домаќин ја има со најстариот фестивал за филмска камера во светот, како и за подготовките за 47-то издание, чија цел е уште повпечатлива организација и достоинствен прием на меѓународните гости.
Како израз на благодарност, Доксевски и Јазаџиски на градоначалникот му врачија плакета со мотив од официјалниот плакат на 46-тото фестивалско издание, чиј автор е светски признатиот македонски сликар Киро Урдин.
