Коњановски оствари средба со британскиот амбасадор Лосон во Битола
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, кој ја реализира својата прва официјална посета на Битола.
На состанокот двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји. Коњановски го запозна амбасадорот со развојните потенцијали на Битола, нејзината историска и културна улога, како и економското значење на градот, истакнувајќи дека постои широк простор за продлабочување на соработката.
Во рамки на посетата, Британската амбасада организираше прием во Офицерскиот дом, на кој присуствуваше и градоначалникот Коњановски, продолжувајќи ги разговорите за идни заеднички иницијативи и партнерства.
