Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала – еве каде е епицентарот

Дали Знаете, Свет

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Колумбија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 6 километри северно од Аратока и 36 километри југоисточно од градот Флоридабланко, каде што живеат повеќе од 200.000 луѓе.

Граѓаните пишуваат дека го почувствувале земјотресот:

„Ме разбуди, креветот се нишаше лево-десно. Беше долг и силен“, стои во дел од коментарите.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.