Фреската со Тоше Проески во манастирот во Крушево привлекува туристи од целиот Балкан (фото)

Дали Знаете, Македонија

Екипата на српскиот „Курир“ неодамна беше во посета на манастирот во Крушево во кој се наоѓа портретот на Тоше Проески. Ова место денес преставува верска, но и голема туристичка атракција, а многумина доаѓаат и да го посетат гробот на Тоше.

Во манастирот на 18 годишнината од смртта на легендарниот пејач беше служен и годишен помен, а потоа неговото величество митрополитот крушевски и демирхисарски Јован го посети и неговиот гроб и над него прочита молитва за покој на душата.

Тука е мојот мир и знам дека после се ќе завршам тука, изтакна Тошпе во едно од своиуте последни интервјуа, и тоа токму во овојх манастир, киј благодарение на него и беше подигнат.

Инаку, српскиот Курир во нивната објава потсети и на веста дека порано Македонската православна црква ја разгледувала можноста Тоше да го прогласи за светител, за што своевремено зборуваше и владиката Петар, но и останати претставници на МПЦ-ОА.

„Прогласувањето на светител во православната црква се врши по една процедура и критериуми кои се установени во црквата Христова и никој однапред не може да каже за некого дека ќе биде прогласен или нема да биде прогласен. Треба да помине и време“, изјави своевремено поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, додавајќи дека Тоше ја заслужува почитта на МПЦ.

„Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и нашиот народ за сето она што го направи за неговите кратки години“, истакна тогаш поглаварот на Македонската православна црква.

„Некој може да биде прогласен за свет заради праведноста и честитиот живот. И заради тоа и народот го памти. Значи, најважно за прогласување светител е личноста длабоко да е вкоренета во народот. Ако тоа постои, тогаш се спроведува канонизација“.

„Заради делата што Тоше Проески ги има направено, Господ сигурно нема да го заборави“, изјавија тогаш од МПЦ.