Празнична магија во Штип – градот блеска со светилки, украси и накитени мостови

Дали Знаете, Забава, Македонија

Новата 2026 е на прагот, а нашите градови, еден по еден, почнуваат да живеат во празничен дух. Празничната еуфорија го зафати и Штип, кој изгледа прекрасно со сите новогодишни украси – да посакате веднаш да го посетите!

Откако пред неколку дена беа накитени делови од Скопје, сега и Штип блесна во полн сјај и ја донесе магијата на Нова Година и Божиќ во центарот на градот.

Мостовите се накитени со светилки, а има илјадници светилки и низ самиот град.

Тука се и големи украсни топки направени од сијалички, блескави ѕвезди пред кои се фотографираа и децата, но и возрасните.

И секако, голема елка, која е украсена со сијалички во црвена боја. Фотките од Штип толку прекрасни, што ќе посакате да поминете барем една вечер таму и да се забавувате пред празниците.