Пробиени 17 километри од автопатот Гостивар–Букојчани: Коридорот 8 го заобиколува превојот Стража
Интензивно се одвиваат градежните работи на автопатската делница Гостивар–Букојчани, која е составен дел од Коридорот 8 на трасата Скопје – Струга – Охрид. Според најновите информации, веќе се пробиени 17 километри од новата траса, со што автопатот ја заобиколува планинската Стража.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави видео од текот на работите, нагласувајќи го брзиот напредок на делницата.
„Градежните активности се во полн интензитет. На делницата Гостивар – Букојчани веќе се пробиени 17 километри што ја заобиколуваат Стража. Ја градиме Македонија!“, напиша Николоски.
