ЈАНКУЛОВСКА: „БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“ И „ПОТПИСОТ НА СЈО“ ГО КОМПРОМИТИРАЛЕ СУДСКИОТ СИСТЕМ

Македонија, Политика

Судот во Стразбур не се впушта во оценки дали врз основа на докази добиени на незаконски начин во однос на домашното право може да се утврдува вина. Но, важно е да се утврди дали на обвинетите им е дадена можност да ги оспорат тие докази и да се спротивстават на нивната употреба. Ако обвинетите немаат таква можност, каква што немала Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“, голема е веројатноста Судот да утврди повреда на членот 6 од Европската конвенцијата за човекови права, или попрецизно – кршење на принципите на контрадикторност на постапката и еднаквост на оружјата.

Безмалку цели пет години, откако поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се пожали до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за повреда на правото на правично судење во случајот „Тенк“, до македонските власти конечно пристигна абер од Стразбур. Со допис до Владата, Стразбур ја отвора правната приказна за овој случај, на начин кој далеку ја надминува индивидуалната судбина на Јанкулоска, која ја одлежи досудената драконска затворска казна.

Со термините кои им се познати на правниците, во моментов се случува следново: Стразбур ја комуницира нејзината апликација до македонската Влада, поставувајќи низа конкретни прашања и со тоа јасно ставајќи до знаење дека наводите на апликантката за повреда на правото на правично судење не се сметаат за неаргументирани или неважни. Во пракса, тоа значи дека овој предмет влегува во сериозна фаза – наместо автоматско отфрлање на жалбата како недопуштена, ЕСЧП бара од државата објаснување за низа чувствителни точки кои се однесуваат на начинот на кој функционира целиот судски систем.

Самиот тој факт, дури и без оглед на конечниот исход, може да се смета за прва добиена битка на Гордана Јанкулоска во храмот на европската правда во Стразбур.

Целата сторија може да ја проследите на овој линк.