Потпишан договор за инклузија на Ромски деца во битолски градинки
Клубот на пратеници, денес беше потпишан трипартен Договор за соработка за учебната 2025/2026 година за инклузија на деца Роми во детските градинки, помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Битола и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Весна Лозановска, заедно со министерот Фатмир Лимани, го потпишаа договорот со кој во учебната 2025/2026 година, ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од Битола се обврзува да изведува воспитно – згрижувачка дејност во воспитни групи за 20 деца Роми на возраст од 3-6 години, кои се во социјален ризик, согласно препораката од Владата, во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи- детски градинки”.

Целта на проектот е да се обезбеди поголем пристап до предучилишните установи на деца Роми , нивна инклузија и социјализација, како и подигнување на свеста на родителите од важноста за образованието на нивните деца.
