Божиновска со словачката амбасадорка: Енергетиката во фокусот на соработката

Македонија, Политика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, на која се разговараше за унапредување на односите меѓу двете земји и отворање нови можности за соработка, со акцент на енергетскиот сектор.

Фокусот на разговорот бил ставен на трансформацијата на енергетските системи, развојот на зелени технологии и регионалното планирање. Двете страни ја истакнале важноста од стабилност, модернизација и партнерства кои носат конкретни резултати.

На средбата беше најавена и посета на висока државна делегација од Словачка на почетокот на идната година, што дополнително ќе го зајакне билатералното партнерство и ќе создаде услови за нови проекти и заеднички иницијативи во енергетиката.