Европа лута на Трамп, затоа што неговиот план за мир во Украина бил направен според желбите на Путин
Европските претставници го отфрлија најновиот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека тој е во корист на Москва, објави „Политико“.
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, му порача на тимот на Трамп дека нивниот нацрт-договор за прекин на огнот од 28 точки нема да успее без поддршка од Киев и европските влади. Предлогот предизвика голема вознемиреност во европските престолнини, не само поради тоа што тие биле исклучени од неговата подготовка, туку и затоа што, според еден европски функционер, документот „не претставува ништо повеќе од список на желби на Путин“, пренесува „Политико“.
„Притисокот мора да биде врз агресорот, а не врз жртвата. Наградувањето на агресијата само ќе доведе до поголема агресија“, порача Калас.
