Аца Лукас уапсен во Македонија – младите фанови го чекаат пред полициска станица
Настапот на познатиот фолк-пејач Аца Лукас во Кавадарци нешто по полноќ бил прекинат од страна на полицијата.
Како што пренесуваат српските медиуми, пејачот од сцената бил симнат од страна на полициските службеници и бил однесен во полицијата. На социјалните мрежи се споделуваат и видео снимки како Лукас го носат надвор од локалот во кој се одржуваше концертот.
Advertisement
Тој се обидува нешто да им објасни, но на крај заврши во полициска станица, по што се огласи неговиот менаџер, Саша Мирковиќ.
Мирковиќ, инаку сопственик на телевизија „Хајп“, се огласи на социјалните мрежи и за скандалот го обвини премиерот Христијан Мицковски. Според неговото тврдење, Лукас бил уапсен по наредба на нашиот премиер (?), но Мирковиќ е познат по своите контроверзни изјави.
Тој се огласи во доцните вечерни часови, а за денес закажа прес-конференција на која ќе откријат повеќе детали.
На мене ова ништо не ми е јасно. Ама Лукас е навикнат на тоа, ќе отспие на тие штици, па утре кога ќе се разбудиме ќе закажеме прес-конференција за медиумите, да објасниме со кој е во врска секој од нив во владата и што се им се прави на граѓаните на Македонија. За Лукас голема поддршка. Издржи, Ацо! Народот е со тебе и не грижи се. Те сака твојот брат. Сега одам да спијам, утре да бидам посвеж“, изјави менаџерот на познатиот пејач.
Официјалните детали за настанот се очекуваат во тек на денот, како и прес-конференцијата на менаџерот на пејачот.
