Проданоски: Инвестициите го подобруваат секојдневието на постарите лица
Денес градоначалникот Дејан Проданоски ја посети ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во рамки на Неделата на грижата за старите лица. Тој истакна дека оваа недела потсетува дека вниманието, почитта и љубовта кон постарите генерации се темел на секое здраво и одговорно општество.

Проданоски нагласи дека Локалната самоуправа продолжува посветено да ја поддржува оваа јавна општинска установа. Само оваа година, преку инвестиција од 3.100.000 денари во современа опрема, значително се подобриле условите за работа на вработените и условите за живот на штитениците.

„Нашата цел е секој тука да се чувствува достоинствено, безбеден и вреднуван. Грижата за луѓето од третото доба не е само наша обврска, туку и лична заложба, која ќе продолжиме да ја следиме секојдневно“, изјави Проданоски.
