Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд

Времето денес

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите на некои места ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Во овие делови ќе има и услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час.

Утринската температура ќе биде од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи меѓу 9 и 19 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 9 степени наутро до 16 во текот на денот.

За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурата утре ќе се движи од 13 до 18 степени.

Од УХМР велат дека во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.