Напредува проектот Прилеп–Битола, Николовски најави завршување до 2028
Изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со силно темпо и согласно предвидената динамика, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски. Тој нагласи дека реализирањето на овој стратешки проект е еден од клучните приоритети на Владата.
Според Николовски, работите на терен напредуваат стабилно, а целта останува автопатската делница целосно да биде завршена до 2028 година.
„Македонија се гради со силно темпо. Продолжуваме по планот – автопат од Прилеп до Битола до 2028. Ја градиме Македонија“, порача Николовски.
Проектот се очекува значително да ја подобри мобилноста во Пелагонискиот регион, да го олесни транспортот и да создаде услови за забрзан економски развој.




