Меџити: Модерни клупи и столчиња за сите училишта во Чаир

Македонија, Политика

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска посети две основни училишта кои се дел од големата акција за модернизација на наставниот процес. Основното училиште „Лирија“ беше опремено со 200 модерни клупи и 400 нови ергономски столчиња, кои можат да се прилагодат според возраст и висина на учениците. Истиот донаторски пакет беше обезбеден и за училиштето „Хасан Приштина“.

Со овие донации, во двете училишта ќе бидат реновирани по шест наставни кабинети со нов инвентар, создавајќи поудобна и инспиративна средина за учење.

Донацијата е обезбедена од компанијата „Ефтинија Импекс“, на која Меџити ѝ изрази искрена благодарност за поддршката и посветеноста кон образованието.

Акцијата се спроведува во рамки на месецот на ноемвриските празници, меѓу кои се одбележува и Денот на азбуката.

„Ова е само почеток. Во следната година, целта ни е сите основни училишта во Чаир да бидат опремени со клупи и столчиња од овој стандард, со што ќе се направи значителна промена во начинот на кој децата учат и растат“, истакна Меџити, додека ја поздрави и директорката на училиштето, Тетута Идризи, за соработката и поддршката.