Граѓаните ќе учествуваат во Буџетот на Прилеп
Општина Прилеп ги повикува сите граѓани да земат активно учество во процесот на креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.
Ве покануваме на јавна средба, што ќе се одржи на:
- 19 ноември 2025 година
- 18:00 часот
- Собраниска сала во Општина Прилеп
Ова е одлична можност секој граѓанин да ги изнесе своите предлози, идеи и приоритети, со цел заеднички да го обликуваме развојот на нашата општина и да создадеме буџет кој ќе ги одразува вистинските потреби за Општина Прилеп.
Дополнително, ова е прва средба од неколкуте предвидени во циклусот на консултации во овој период, во кои што соодветно ќе бидат вклучени сите чинители во нашето општествено живеење, месни заедници, граѓански организации, институции, стопански субјекти и поединци.
Вашето мислење е од особена важност. Ве охрабруваме да бидете дел од овој отворен, инклузивен и транспарентен процес.
Општина Прилеп




