Поддршка од „Илинден“-Тирана: Албанија да продолжи со реформите и заштита на малцинските права
Македонско друштво “Илинден“-Тирана, го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Република Албанија во Европската Унија. Овој значаен чекор означува нова фаза и ја доближува кон стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја охрабрува Владата да продолжи посветено со исполнување на сите потребни реформи, вклучително и оние кои се однесуваат на гарантирањето на правата на македонското малцинство и сите други малцинства во земјата. Спроведувањето на европските стандарди во областа на човековите права и заштитата на националните идентитети е клучно за успешно придвижување во интегративниот процес.
Со членството во Европската Унија, албанските граѓани нема повеќе да бидат принудени да бараат пасоши од земји членки на ЕУ, кои ги користат за влијание и асимилација на малциствата во Република Албанија.
Европската интеграција е поддржана од сите граѓани, без разлика на етничката или верската припадност, и претставува заедничка аспирација за побезбедна, подемократска и поразвиена иднина, – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.




