Лудило на патот Куманово–Крива Паланка: Полицијата го натера возачот да го чисти хаосот што самиот го направи!
Пронајден е возачот кој денеска го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот
Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово.
На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници.




