Mицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на центарот на Скопје

Македонија

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека заедно со премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршиле обиколка на главниот град, оценувајќи дека Скопје „конечно личи на метропола“. Според него, градот е почист, уреден и полн со посетители, а „лошата слика од минатото“ веќе припаѓа на историјата.

Ѓорѓиевски најави дека никогаш повеќе нема да се дозволи вратенo на претходната состојба и истакна дека градот продолжува со проекти кои, како што вели, долго време му недостасувале на Скопје.

Тој посочи дека заедно со премиерот го посетиле и просторот предвиден за новиот Луна Парк – проект што, како што нагласи, е значаен не само за Скопје, туку и за целата држава.

 

„Скоро ја започнуваме постапката за неговата реализација. Најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете тука