Австралија во шок: 69 училишта одеднаш затворени – итна владина одлука предизвика масовна паника

Свет

Вкупно 69 училишта во регионот на главниот австралиски град Канбера од утрово се затворени, откако властите издадоа итна препорака за прекин на наставата поради безбедносни сомнежи поврзани со материјали користени во училишните дворови.

Компаниите „Кмар“ и „Таргет“ објавија повлекување на дел од детските производи за играње, откако тестирањата покажале неправилности во одредени примероци. Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи соопшти дека ризикот од потенцијалното штетно влијание е низок, но препорача максимална претпазливост.

Министерството за образование информира дека инспекциите се во тек и може да продолжат со денови. Досегашните мерења на квалитетот на воздухот во сите засегнати училишта покажале негативни резултати на опасни честички, но институциите одлучиле да не преземаат ризик додека анализите целосно не завршат.

Неколку училишта и предучилишни установи уште во петокот делумно или целосно ја прекинаа работата поради предупредувања за можни безбедносни проблеми. Според британскиот „Би-Би-Си“, слични мерки биле преземени и во делови од Нов Зеланд.