„Нашата средина е наш дом“ – Проданоски повика на заедничка еко акција

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја најави новата еколошка акција под мотото „ЕКО МИСИЈА – твојот потпис за природата“, чија цел е мобилизирање на граѓаните за создавање почиста и поздравa заедница.

„Нашата средина е наш дом, а домот го чуваме чист. Секој вклучен во акцијата може да направи разлика. Мал чекор за нас, голема промена за нашата заедница“, порача Проданоски, повикувајќи ги сите жители активно да се приклучат.

Со заеднички ангажман, како што истакнува градоначалникот, ќе се создаде поубав и поодржлив град, каде грижата за природата ќе стане секојдневна навика. Акцијата ќе започне во наредните денови, а Општината најавува низа активности насочени кон подигање на свеста и подобрување на урбаната и природната средина.